Шкупи останува без „најдобриот“ – Куевен!
Бразилецот Куевен нема да биде дел од Шкупи во вториот дел од сезоната затоа што одличниот играч за врска е слободен играч и неговиот двегодишен договор истекува на 31 декември.
Нефчи од Азербејџан е екипата која има интерес да стави...
УЕФА листа: Ива Пројкоска е најдобриот судија од Македонија!
Во текот на вчерашниот ден судиската комисија на УЕФА ја одреди листата на арбитри според категориии за наредната 2024 година. На листата која е поделена на категории се направени корекции во однос на тоа како арбитрите ја делеле судиската...
Јонуз, Блажевски и Александровски на прослава на ФК Рад по повод 35 години од...
Вчера во Белград се одржа прослава на ФК Рад по повод 35 години од настапот на овој клуб во Купот на УЕФА, сегашна Лига на Европа. На оваа прослава како и поранешни играчи на овој тим, присуствуваа и Мирсад...
Макс е светски првак во Ф1, но не може да изнајми автомобил!
Ете и тоа се случува во светот на познатите и тоа на најпознатите, како што е Макс Верстапен, светскиот првак во Ф1. Макс е најдобриот возач во Формула 1 веќе три години по ред, но бадијала, тој не може...
Калин Ивановски годината ја завршува на 326. место на АТП листата
Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски на последното рангирање на АТП листата за оваа календарска година се најде на 326. место. Ивановски забележи пад од едно место, тој има 129 поени.
Најдобриот македонски тенисер во овој момент е во Дубаи каде...
Бразилското чудо вредно 60 милиони евра сака да игра за Барса, но има голем...
Барселона веќе извесно време се поврзува со евентуален трансфер на 16-годишното фудбалско чудо, кое во Европа може да дојде во 2025 година. Лесно може да се случи Естевао Вилијан сепак да не дојде во Барса. Причината се финансиските проблеми...
Добри ветришта дуваат во Вардар – ќе биде посилен!
Финансиска стабилност! Тоа е главната работа на која деновиве е фокусирано во ФК Вардар каде интензивно се прават планови за вториот дел од сезоната и мисијата да опстане клубот во елитното друштво.
Најголемиот клуб во земјава се соочува со сериозни...
Аврамовски ќе го облече дресот на турски вторлигаш
Даниел Аврамовски во Новата година ќе има нов клуб. По две години минати во ФК Сараево својата кариера ќе ја продолжи во Турција, поточно во дресот на Болуспор, тим кој се натпреварува во втората лига, објави босанскиот медиум „Спортспорт“.
Така,...
Нов рекорд за Ѓоковиќ пред пресметката со Алкараз
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ овој понеделник ја започна 405-та недела на врвот на АТП листата.
Србинот на тој начин дополнително го подобри рекордот кој уште долго ќе биде во негова сопственост.
Најдобрите играчи на денешницата наголемо се подготвуваат за следната...
Коментатор запеа по победата на Задар над Партизан (ВИДЕО)
Кошаркарите на на Задар на Бадник го одиграа својот најдобар натпревар сезонава и го совладаа евролигашот Партизан со 84:68 пред 8.500 навивачи во салата Крешимир Ќосиќ.
Во центарот на вниманието се најде и коментаторот на оваа средба, која беше пренесувана...