Дарко Стојанов и официјално нов член на Вардар
Искусниот стопер Дарко Стојанов следната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Најтрофејниот македонски клуб почнува нова страница од своето постоење овојпат како второлигаш, а во одбраната ќе има искуство во името на Стојанов.
Тој своевремено во младинските категории веќе...
Цицмиловиќ прозиваше во Воска, целта е висок пласман во ВМФЛ – ЗАПАД!
И официјално Воска, нивиот второлигаш ги стартуваше подготовките. Денеска попладне на својот стадион во Охрид, веднаш крај езерото, околу триесетина фудбалери се појавија на првата прозивка која ја изврши новиот шеф на стручниот штаб, Раде Цицмиловиќ. Се разбира дека...
Тетекс им дава шанса младите сили, продолжи со Сарески, Чилафи и Ајдини
Фудбалскиот клуб Тетекс продолжи со работа за формирање на тимот за следната сезона во Втората македонска фудбалска лига и ги обнови договорите со тројца млади фудбалери: Никола Сарески, Руфат Чилафи и Ринор Ајдини. Стручниот штаб им дава шанса за...
Димче Тодоровски нов „кормилар“ на Локомотива Градско
Димче Тодоровски е назначен за нов тренер на новиот второлигаш Локомотива Градско.
Тодоровски во минатото беше на клупата на Плачковица, сега ја добива довербата од раководството на тимот да ја води екипата низ второлигашката конкуренција.
Задржани се сите играчи, а ќе...
Шопоски трето ново име во ГФК Охрид
ГФК Охрид го објави и третото ново засилување за новата сезона, а сега го засили средниот ред со 24-годишниот фудбалер Сашо Шопоски. Тој доаѓа од редовите на Тетекс каде ја мина минатата сезона, а претходно играше за Брегалница, а...
Адили и Клечкаровски во нападот на ГФК Охрид
Екипата на Охрид претстави уште двaјца нови играчи за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига. Нови членови се Мурат Адили и Игор Клечкаровски. Тие ќе го сочинуваат новиот напаѓачки тандем, со кој екипата одново ќе се бори за...
Раде Цицмиловиќ: Амбициите на Воска се да биде меѓу водечките!
Се чини дека се “пишува“ убава фудбалска приказна крај Охридското езеро. Клубот Воска од Охрид, пред неполн месец влезе во ВМФЛ – ЗАПАД и веднаш пројавува големи амбиции. Клубот во досегашниот тек од преодниот рок прво го ангажира познатиот...
Каланоски го засили Силекс
Антонио Каланоски е нов играч на Силекс. Тој потпиша на една година за тимот од Кратово, и ќе биде големо засилување за екипата во настапот во Европа и во обидот екипата експресно да се врати во прволигашката конкуренција.
Каланоски доаѓа...
Воска не се шегува, Михајло Јакимоски ново засилување
Очигледно дека тимот на Воска планира следната сезона да биде фаворит во својата второлигашка конкурњенција Запад.
Прави силен тим, составен од искусни играчи, а најнова аквизиција е екс Македонскиот младински репрезентативец Михајло Јакимоски.
Претходно беа претставени како новитети и Изаир Емини...
И Енис Дервиши во Воска!
Новиот член на Втората лига – запад, тимот на Воска од Охрид, и тоа како се засилува. Имено по вчерашната промоција на Изаир Емини, раководството на клубот денеска се пофали и со Енис Дервиши.
Дервиши има 23 години, дете...