Репрезентација

Фудбалерите стигнаа во Тбилиси: Се прави стратегија за дуелот в петок

Македонската фудбалска репрезентација веќе е во Тбилиси, каде в петок ја очекува претпоследниот натпревар во тековното издание на Лигата на нации. Нашата селекција денеска од Скопје отпатува за Грузија на клучниот меч во трката со Грузијците за првото место...

Македонија летна за Тбилиси: Одиме по три бода! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Нашата најдобра фудбалска репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски, со чартер авион, попладнево отпатува од Скопје за Тбилиси. Во петок на „Динамо Арената“ во главниот град на Грузија, со почеток од 18 часот, и гостуваме на домашната селекција во...

Гурам Кашиа: Ќе биде тешко, Македонија е добра селекција, сепак Грузија оди на победа!

Во петок во Тбилиси, со почеток од 18 часот се игра натпреварот во Лигата на Нации меѓу Грузија и Македонија. Секако дека по оние скопски 0:3 за нас работата се комплицира, сепак сеуште ништо не е загубено. Тоа го...

Јани Атанасов: Се надеваме на три бода од Тбилиси!

Во петок во Тбилиси, со почеток од 18 часот по македонско време, нашата А-репрезентација во меч од Лигата на Нации, ќе и гостува на селекцијата на Грузија. Селекција која во Скопје пред неколку месеци ги искажа сите свои квалитети. Јани...

Бојан Миовски: Во Тбилиси не очекува пеколен натпревар, но ние одиме на победа!

Нашите најдобри фудбалери продолжуваат со подготовките за двата меча во Лигата на Нации. Познато е дека во петок играме со Грузија на гости, додека во понеделник ја дочекуваме Бугарија. Јасно е дека сега во преден план е мечот во Тбилиси. За...

Официјално: На 20 ноември против Азербејџан во Скопје

Предмалку од ФФМ и официјално потврди дека македонската репрезетација на 20 ноември ќе одигра пријателски меч против соодветната селекција на Азербејџан. Најавениот дуел сега добива и официјализација, а она што е потребно да се каже е дека на тој...

Словакот што ни судеше на Исланд, ќе ја дели правдата во Тбилиси!

Иван Кружлиак од Словачка е делегиран за главен судија на мечот во Тбилиси во петок на кој и гостуваме на селекцијата на Грузија во Лигата на Нации. Колку за потсетување, тој исти судија ни судеше на мечот на Исланд...

Доријан Бабунски: Мора да сме поефикасни, да го покажеме нашиот квалитет!

И дефинитивно нашата најдобра репрезентација и тоа како ослабена ќе настапи на псоледните два меча од групата во Лигата на Нации. Познато е дека во петок играме со Грузија на гости, а во понеделник со Бугарија во Скопје. За тоа...

Нови проблеми: Веројатно и без Адеми против Грузија и Бугарија!

Како да нема крај на сите проблеми селекторот Благоја Милевски. Имено најново е веста од Загреб дека капитенот на Динамо Загреб, Аријан Адеми има проблеми со половината, стара повреда која веќе подолго време го мачи нашиот “Лав“. Па така...

Националите го одработија првиот тренинг, целосен фокус кон Тбилиси! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Некомплетни, па ако сакате и ослабени, сепак со верба во себе и своите квалитети нашата репрезентација под водство на селекторот Благоја Милевски попладнево на теренот на ФФМ го одработи првиот тренинг во пресрет на мечевите од Лигата на Нации...

Најпопуларни во 7 дена

Нaјнови вести