Дома Фудбал Страница 1088

Фудбал

ТИМ НА 15.КОЛО: Адетунџи е најдобриот меѓу најдобрите!

Сандеј Адетунџи, интернационалецот од Нигерија е играч на 15.коло во ПМФЛ. На Чаир добрата екипа одолеваше на лидерот до таа 55.минута, но потоа Адетунџи ги презеде работите во свои раце или нозе, ако сакате, погоди за 1:0, потоа на...

Седлоски: Морав да реагирам на паузата, екипата беше многу нервозна

Екипата на Шкупи ја совлада Струга Трим Лум со 4:0, а сите четири гола паднаа во второто полувреме. Тренерот на чаирската екипа Гоце Седлоски е задоволен од резултатот, но призна дека владеела голема нервоза во екипата во првото полувреме...

Ние сме навикнати да одиме по потешкиот пат: Како во ФФМ се следеше ждрепката...

Завчера во Цирих на ждрепката за баражот за СП во Катар 2022 за ривал во полуфиналето ја доби Италија, светски фудбалск гигант. Во случај да победиме тогаш ждрепката не “однесе“ на евентуален мегдан со победникот од дуелот меѓу Португалија...

Барди асистираше во поразот на Леванте (ВИДЕО)

Енис Барди со асистенција за Шкодран Мустафи му донесе водство на својот тим Леванте на гостувањето проти Бетис попладнево, но попусто, кога домаќините во вториот дел од овој дуел направија комплетен пресврт и забележаа триумф од 3:1. Нашиот интернационалец се...

Влатко Костов: Тиквеш мечот со Работнички мораше да го добие и го ДОБИ!

Славје во Кавадарци. Тиквеш попладнево со 2:0 успеа да го победи Работнички во меч од 15.коло во ПМФЛ. Нгоба и Спахиу беа стрелците на головите, а за тоа како го виде овој меч свој коментар за “Спортмедиа“ има Влатко...

„Лавовите“ и по 22 меча по ред не знаат како е да се победи...

Некој ќе каже дека традицијата и не е нешто посебно. Ама дали е баш така. Имено попладнево во Ѓорче, Шкендија дојде, виде и победи. И тоа по 16 пат од вкупно 22 меѓусебни меча со „лавовите“. Звучи неверојатно, ама...

ПМФЛ: Шкупи по брза постапка ја „реши“ Струга, триумф на шампионот, славје во...

Интересни, возбудливи мечеви попладнево во рамките на 15.коло во ПМФЛ. Посебно интересно беше на Чаир, каде се до 55.минута резултатот беше 0:0. Струга ТЛ беше сосема добра, имаше и “искри“ но потоа на сцена стапија домашните играчи. Од 55 до...

Џенова „извлече нула“ во Удине, Пандев дваесетина минути на терен

Во првиот дуел од денешната Серија А програма, тимот на Џенова на чело со Горан Пандев гостуваше во Удине, кај Удинезе на Илија Несторовски. И обајцата наши интернационалци мечот го започнаа од клупата, а единствено Пандев доби шанса за...

Полувреме: “Искри“ на Чаир, Гури го “замолкна“ Ѓорче, Нгоба за радост во Кавадарци! (ВИДЕО)

Иако нема многу голови во првите 45.минути во петте мечеви од 15.коло во ПМФЛ, сепак беше интересно. Имено на Чаир, каде играат Шкупи и Струга ТЛ, имаше “искри“, мала “гужва“ по стартот на Руватубјае врз Кадриу. Епилог на ова...

Шкупи со посебни маички во чест на жртвите од трагедијата во Бугарија!

Страшната автобуска несреќа на 23 ноември во Бугарија, каде загинаа 45 патници од Македонија, а голем дел беа од скопски Чаир, тешко ги погоди сите во клубот Шкупи. Па така тие пред да почне мечот со Струга ТЛ, кој...

Нaјнови вести