Брера со нов пораз во Анталија!
Фудбалерите на Брера Струмица редат порази на пријателските во Анталија. Па така денеска струмичани против тимот на Атирај од Казахстан беа поразени со 1:2. Првиот дел заврши нерешено без голови. Стрелецот на единствениот гол за Брера Струмица бил Матеј...
Голеада во Анталија: Шампионот поразен од Лоѓ!
Денеска на теренот на спортскиот центар Емиран во Анталија, Струга ТЛ во пријателски меч беше поразена од силниот тим на Лоѓ со 3:4. Вистинска голеада, добра игра со многу шанси на двете страни, водство на шампионот од 3:2, но...
Трансферот на Елмас во Лајпциг е третиот најголем трансфер оваа зима во Европа!
Зимскиот преоден рок, барем во најсилните лиги во Европа е заврпшен и тоа со вчерашниот ден. За разлика од минатиот јануари, кога Челзи се растури од давање пари, сега не беше така.
Имено најскапиот трансфер во светот е всушност летен,...
Ристевски стрелец на гол во победата на Етникос Ахна (видео)
На Кипар, во 22.коло Ахна славеше победа со 2:0 на гостувањето кај последнопласираната Докса. Резултатот го отвори македонскиот дефанзивец Кире Ристевски во 12. минута.
За Ахна покрај Ристевски цел меч одигра Стефан Спировски, а за Докса од 61 минута играше...
ПРОМОЦИЈА: Репрезентативецот Ердон Даци ќе игра за Беверен!
Македонскиот репрезентативец Ердон Даци го смени клубот во Белгија. Во вториот дел од сезоната ќе игра за второлигашот Беверен како позајмен фудбалер од Вестерло. Инаку тој дојде во Вестерло пред сезоната 2021/22 од турски Коњаспор.
„Тој одигра важна улога во...
Брегалница се раздели со Степаненко!
Валериј Степаненко (25), дефанзивецот од Украина не е веќе дел од Брегалница. Раководството на штипските “сини“ денеска тоа и официјално го потврди. Да потсетиме дека Украинецот во Брегалница дојде во август, одигра осум средби во дресот на “сините“, но...
Шкендија си гази на контролите: Чинари стрелец, победа и над Варта Познањ! (ФОТО)
Шкендија и дефинитивно покажува како треба да се игра на пријателските во Анталија. Денеска против силниот тим на Варта Познањ од елитната лига на Полска, момците на стратегот Јетон Беќири славеа победа од 1:0, втора по онаа со Динамо...
У-17 жени: Македонија одигра два контролни меча против Црна Гора!
Младата женска селекција на Македонија до 17 година ги одигра двата контролни натпревари против соодветната репрезентација на Црна Гора во Тиват.
Нашата млада репрезентација на првиот контролен дуел одигра нерешено 3:3, додека на вториот загуби со 3:1.
На првиот контролен меч...
Сараево не го заборава својот Крсте!
Вчера во Умаг (Хрватска) во пријателски меч силите ги одмерија Македонија ЃП и Сараево, најтрофејниот и најголем клуб во БиХ. Резултатот беше 3:3, во една интересна борба со многу голови.
Пред мечот мала свеченост. Имено од раководството на “бордо“ тимот...
Мирсад Јонуз си замина од Лирија Призрен!
Мирсад Јонуз, некогашниот селектор на нашата најдобра фудбалска репрезентација и еден од нашите најпознати тренери, не е веќе пеф на стручниот штаб на Лирија Призрен, тим од елитната лига во Косово.
Како што самиот Јонуз нуи потврди, тој го раскинал...