Дома Фудбал Страница 413

Фудбал

Каде ли се врати Чурлинов: На Шалке му се заканува згаснување?!

Дали Дарко Чурлинов навистина знаеше во каква ситуација е Шалке кога одлучи да си замине од Барнли и да се врати во овој некогаш славен геремански клуб, повеќекратен шампион на Германија? Имено како што пренесува новинар на германски “Скај“ на...

Тошевски потпиша за Австрија Клагенфурт, ама веднаш е испратен на позајмица во Шибеник!

Давид Тошевски (22), некогаш големата надеж на мак – фудбалот, играчот кој пред четири години Работнички го продаде на Ростов за милион евра, од денеска е член на Австрија Клагенфурт. Раководството на австрискиот тим го претстави Македонецот, но веднаш...

Пријателска во Охрид: Силекс го победи Пелистер!

Попладнево во Охрид во пријателски натпревар, Силекс со 2:1 успеа да го победи второлигашот Пелистер. Избраниците на Алексндар Васоски за само две минути во првото полувреме, во 25. и 27.минута со головите на Милосављевиќ од слободен удар и Каланоски...

Пријателски: Шкупи ремизираше со Рух Хоржов, Тиквеш ја победи Дубочица!

Шкупи во Анталија во пријателски меч одигра 1:1 со силниот состав на Рух Хоржов од Полска. Чаирчани повеле во 38.минута, но сепак во продолжение од средбата тимот од Полска успеал да го избегне поразот. Да потсетиме дека пред неколку дена...

Вардар минимално поразен во Анталија!

Втор пријателски меч за Вардар на подготовките во Анталија и втор пораз, овојпат од силниот тим на Аркадаг, шампионот на Туркменистан со 0:1. Според извештаите од нашиот најтрофеен клуб, четата на стратегот Горазд Михаиилов имале неколку идеални шанси за гол,...

Пријателски: Брегалница ја декласира Беласица, Охрид подобар од Тетекс!

Попладнево во пријателски натпревар Брегалница со 5:1 просто ја декласира Беласица, второлигашот од Струмица. Ова беше одлично издание на тимот на стратегот Горан Здравков. Стрелци на головите за штипските “сини“ беа Колин Андерсон двапати, Михаил Маневски, Фабрицио Венегас и Един...

Официјално: Роналдо во “црвено – црниот“ дрес на Шкендија! (ФОТО)

И официјално Роналдо Вебстер е нов член на Шкендија, кој направи трансфер од Брегалница во Тетово. Напаѓачот од Јамајка и Шкендија се договорија во следните шест месеци тој да биде на позајмица со обврска на лето да биде откупен...

“Лавовите“ одиграа 3:3 против Сараево на Илиев, Гостивар со реми во Анталија!

Во интересен меч, во една голеада во Умаг, Македонија ЃП одигра сосема добро и ремизираше со Сараево со резултат 3:3. Веднаш да кажеме дека на голот на тимот од БиХ стартер беше нашиот репрезентативец Дени Илиев. “Лавовите“ поведоа со голот...

Шкендија се пофали со Роналдо! (ВИДЕО)

Она што „СпортСпорт“ во изминатите денови во неколку наврати го најави, од денеска е и официјално. Роналдо Вебстер, интернационалецот од Јамајка и досегашен член на Брегалница, е ново има во таборот на Шкендија. За овој трансфер Шкедија и плати отштета...

Миовски ќе добие нов тренер: Абердин со шут – карта за Робсон!

Од денеска и официјално, Бери Робсон не е веќе тренер на Абердин. Тоа значи дека нашиот репрезентативец Бојан Миовски ќе добие нов стратег. Имено предмалку на клупскиот сајт на шкотскиот клуб беше потврдено дека раководството на Абердин се разделува...

Нaјнови вести