Домашно првенство

Прилеп го освои Радовиш во меч со мал број на голови!

Екипата на Прилеп дојде до петтиот триумф оваа сезона, откако на гостувањето кај Радовиш славеше со 17-19 во последниот меч од осмото коло во плеј-аут лигата. Гостите ја оправдаа фаворитската улога во натпревар на кој паднаа вкупно 36 голови. Скромна...

Вардар рутински го доби Пролет, на домашните им припадна второто полувреме!

Во натпревар од 8.коло во плеј – офот на нашата елитна ракометна лига, Вардар како гостин успеа да го победи тимот на Пролет со 18:25 (7:16). Очекувано, заслужено и рутински во дуелот на двете скопски екипи победата им припадна...

Петровиќ уште две години во Е.Пелистер

Предмалку тимот на Е.Пелистер објави дека е потпишана нова, двегодишна соработка со нивниот ракометар Павле Петровиќ. Десниот бек, кој веќе трета сезона го носи дресот на Е. Пелистер 2, се обврза на договор до 2025 година и од сезоната...

Дерби во Автокоманда: Алкалоид го пречекува Тиквеш!

Денеска ќе биде комплетирано осмото коло во плеј-оф и плеј-аут лигата. Битката за титулата продолжува меѓу Пелистер и Вардар 1961. Актуелниот македонски првак ќе има лесна задача, му гостува на Пролет во точно напладне. Овој триумф и претходно во...

Тренерот Андоновски се врати, Охрид победи

Тимот на Охрид успеа да го совлада Еурофарм Пелистер 2 во 8.коло на плејофот. На клупата на домашниот тим седеше Горан Андоновски кој минатата недела му се слоши на мечот со Бутел па беше пренесен во болница. Сега се...

Голден Арт ја продолжи победничката серија!

Голден Арт попладнево како домаќин со 36:25 успеа да го победи тимот на Вардар Неготино, во меч од плеј – аут конкуренцијата во нашата елитна ракометна лига, со што ја продолжи победничката серија. Интересно, гостите од Неготино имаа фуриозен старт,...

Пелистер според планот, Костески ја наполни мрежата на Бутел!

Пелистер ја оправда на дело фаворитската улога против Бутел. Битолскиот тим на домашен терен го совлада скопскиот состав со 26-18 (15-11) во рамките на осмото коло во плеј-офот. Гостите добро се држеа во првиот дел, беа рамноправен противник до пред...

Пелистер гостин во Скопје, дерби во Охрид!

Продолжува битката за титулата, но и за опстанок во ракометниот шампионат. За денеска се предвидени три средби, две од плеј-офот и една од плеј-аут. Пелистер, кој се врати во живот за пехарот, му гостува на Бутел Скопје, дуелот е закажан...

Со гол во финишот Јуниор КВ остана непоразен во Куманово

Ракометарите на Јуниор КВ со гол во последниот напад се изборија за реми на дуелот со Куманово од плеј-аутот во домашното првенство. Средбата во Куманово заврши со нерешени 24:24. Кумановци на осум натпревари во плеј-аутот забележаа шест победи, но не...

Струга ја продолжи победничката серија!

Попладнево меч од 8.коло во плеј-аутот од нашата ракометна елитна лига, екипата на Струга на свој терен со 31:25 успеа да го победи тимот на Скопје и со тоа да ја продолжи својата победничка низа. Уште на стартот од натпреварот...

Нaјнови вести