Португалците два дена порано во Скопје, Силва предупреди: Македонците се незгодни пред своите навивачи!
Португалската ракометна репрезентација денеска ќе пристигне во Скопје. Противникот на Македонија во двата квалификациски меча, вчера се собра, а веќе денеска тргна на пат кон нашиот главен град.
Португалија на двомечот е голем фаворит, не поради силниот состав со кој...
Петров: Да одиграме машки, цврсто против Португалија!
Македонската ракометна репрезентација веќе трет ден се подготвува за двомечот со Португалија во квалификациите за пласман на Европското првенство следната година. Нашите момци стартуваа со две победи, беа подобри од Турција и Луксембург, па дуелот со Португалија ќе го...
Кузмановски со апел до навивачите: Ние сме мала нација, мора да се поддржуваме!
Македонската ракометна репрезентација се подготвува за двомечот со Португалија во рамките на квалификациите за пласман на Европското првенство 2024 година. И двете селекции на стартот запишаа две победи, овие средби ќе го дадат лидерот во нашата група.
Сепак нема да...
Е. Пелистер доби нов тренер: Јовиќ на местото на Валтер, а Шундовски е назначен...
Од вечерва Е. Пелистер има нов тренер на тимот по отказот кој го доби Ларс Валтер по слабите резултати. Тоа е Александар Јовиќ, кој досега беше тренер на Е. Пелистер 2.
Интересно, раководството на клубот го кооптираше и Звонко Шундовски,...
Јагуриноски: Мора да бидеме агресивни, цврсти во дефанзивата!
Томислав Јагуриноски е еден од оние ракометари кои покажа дека местото му е меѓу најдобрите во македонскиот дрес. За жал, Кирил Лазаров на последното СП остана рано без неговите услуги, откако се повреди.
Сепак сето тоа е минато, Томи се...
Лазаров: Треба да бидеме реални, но и трпеливи!
Македонската ракометна репрезентација стартуваше со мини-подготовките за двомечот со Португалија за место на Европското првенство 2024 година. За разлика од Светското првенство, овој пат селекторот Кирил Лазаров нема да има на располагање голем дел од искусните играчи во нашиот...
Од денеска во продажба билетите за Македонија – Португалија
Македонската ракометна репрезентација на 9. март ја пречекува Португалија во рамките на третото квалификациско коло за пласман на ЕП 2024.
Овој меч ќе се игра во СЦ Борис Трајковски, а сите поддржувачи од денеска ќе можат да купат билети за...
Цупара скрши рака: Веспрем без српскиот голман за четвртфиналето во ЛШ
Српскиот репрезентативен голман и прв голман на унгарски Телеком Веспрем, Владимир Цупара, заработил скршеница на раката на неделниот првенствен натпревар против Татабања (28-27).
Според информацијата која ја потврдија од клубот, тој има фрактура на десната рака.
„Владимир Цупара заработи фрактура на...
Лазаров со дополнителен повика за Мишевски и Аларов
Откако Кирил Лазаров одлучи да ги поштеди Жарко Пешевски и Марио Танкоски, кои пријавија повреди, предводникот на нашиот најдобар национален тим одлучи да ги повика Мишевски и Аларов за квалификациските дуели со Португалија за ЕП 2024.
Македонската репрезентација на овие...
Дефинитивно без Пешевски и Танкоски против Португалија!
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров дефинитивно нема да смета и на Жарко Пешевски и Марио Танкоски на двомечот со Португалија за ЕП 2024 година.
Двајцата ракометари се појавија на денешниот собир, но и двајцата имаат повреди кои бараат...
















