Дома Ракомет Страница 438

Ракомет

33-годишен десен бек пред портите на Вардар 1961?

Вардар 1961 е на добар пат да донесе десен бек. Овој пат станува 33-годишен ракометар, кој во моментов е слободен играч. Според српски „Моцарт“, Немања Зеленовиќ наскоро би требало да биде промовиран во „црвено-црниот“ дрес. Тој минатата сезона играше во...

Унгарски пивот го одбра Татран Прешов пред Вардар!

Екипата на Вардар 1961 и натаму е во потрага по засилувања за новата сезона во која покрај домашниот шампионат ќе игра квалификации за Европската лига. Во низата млади странски играчи, раководството на „црвено-црните“ се обиде да донесе унгарски пивот. Станува...

ЕХФ го објави најновиот ранкинг: Македонија е на 18. место!

Европската ракометна федерација го објави најновиот ранкинг, кој е направен според настапите на машките репрезентации на последните три големи натпреварувања, поточно Светското првенство 2021 и 2023 година и ЕХФ ЕУРО 2022, вклучувајќи ги и нивните соодветни квалификациски натпревари. Македонија во...

ИХФ ја згасна и последната наша надеж: Австрија и Исланд добија вајлд-карти за СП!

До денеска се надевавме дека токму македонската женска ракометна репрезентација ќе добие вајлд-карта за настап на Светското првенство 2023 година. Од ИХФ доаѓаат информации кои за жал не се добри за „црвено-жолтите“. Светската „куќа на ракометот“ одлучи двете вајлд-карти да...

Германија е светски младински првак во ракомет!

Машката младинска ракометна репрезентација на Германија е нов светски првак! Германците на Светското младинско првенство на кое заедно со Грција беа домаќини славеа во финалниот меч против Унгарија со 30:23 (14:11). Во битката за бронзата, селекцијата на Исланд славеше над...

Македонија прими гол во последната секунда за пораз од Србија

Женската младинска репрезентација на Македонија загуби и на третиот натпревар на „Трофеј Карпати“ во Питешки со 30:29 од Србија и тоа откако прими гол во последната секунда. Младинките имаа негатива од 25:21 но успеаја да стигнат до реми 25:25...

Скопје 2020 го потпиша Кристијан Стојаноски

Екипата на Скопје 2020 продолжи со градење на ростерот за новата сезона. Македонскиот суперлигаш Скопје 2020 го промовираше новото засилување. Станува збор за Кристијан Стојаноски. 20-годишен пикер кој доаѓа од редовите на Вардар, а претходно играше во Голден Арт и...

„Трофеј Карпати“: Ракометарките поразени и од Швајцарија!

Младинската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на турнирот „Трофеј Карпати“ во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска беа совладани од Швајцарија со 34-26 (19-11). За разлика од мечот против Романија, на кој „црвено-жолтите“ речиси 50. минути добро парираа, денеска...

Ацевски е нов голман на Прилеп

Прилеп доведе уште едно засилување за претстојната сезона. Овој пат станува збор за Давит Ацевски, кој ќе биде задолжен за мрежата на супер-лигашот. Раководството на клубот и Ацевски потпишаа двегодишна соработка. Тој доаѓа од Јуниор КВ и ќе ја дели...

Јапонец од Висла Плоцк на позајмица во Вардар!

Во исчекување на крајната завршница околу долговите на Вардар 1961 кон поранешните ракометари, што пак е главен предуслов за да „црвено-црните“ играат во квалификациите за Европската лига, од Полска доаѓаат информации за ново засилување. Косуке Јасухира ќе биде дел од...

Нaјнови вести