Грција го доби дербито на денот со Италија, Израел нанижа втор триумф
Грција го доби дербито со Италија на третиот ден од Евробаскетот 2022. Вечерва во исклучително интересен меч, Нашите јужни соседи славеа со 85:81 над селекцијата на Италија, која до последната минута се надеваше дека може да се избори за...
Оваа Барса изгледа моќно: Каталонците издоминираа против Севиља (ВИДЕО)
„Новата“ Барселона на Чави ја прокнижи и третата последователна победа во Ла Лига. Вечерва Каталонците издоминираа среде Андалузија совладувајќи ја Севиља со 3:0 на гостински терен, врзувајќи две победи без примен гол и уште еден меч со извонредна реализација.
Барселона...
Наполи им се врати на победите: Елиф влезе од клупата во победата над Лацио...
По двете ремија во последните две кола, Наполи на нашиот Елиф Елмас им се врати на победите и тоа со голем триумф на гостувањето кај Лацио во Рим.
Со преврст, вечерва момците на Спалети славеа со 2:1 против „римските орли“...
Европскиот шампион лесно ја „реши“ и Унгарија
Европскиот шампион Словенија беше голем залак за Унгарија во 2. коло на Евробаскетот 2022. Словенците рутински го решија мечот во своја корист обезбедувајчќи убедлива победа од 103:88 со што се зацврстија на лидерското место во групата.
Уште во првата четвртина...
Инзаги по поразот во градското дерби: 30 минути не знаевме каде сме!
Интер денеска го загуби големото градско дерби од Милан, па по мечот тренерот на „нероаѕурите“, Симоне Инзаги изрази загриженост за начинот на кој неговиот тим ги прими головите.
„По израмнувањето на 1-1, 30 минути не знаевме каде сме. Ја загубивме...
Ван Гал повика пет нови играчи во репрезентацијата на Холандија
Селекторот на Холандија Луис ван Гал повика пет нови фудбалери во репрезентацијата за претстојните натпревари против Полска и Белгија во Лигата на нациите. На 25 септември ќе играат дома со Белгија, а три дена претходно против Полска во Варшава.
Искусниот...
Младинскиот репрезентативец Елези му го расипа дебито на екс-селекторот Ангеловски (ВИДЕО)
Агон Елези постигна два гола во победата на својот Вараждин од 2:1 против екипата на Горица на чија клупа од пред некој ден е поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски.
Елези погодуи во 10. и 43. минута за...
Бутел го доби дербито со Охрид, драмата во Радовиш без победник!
Дебито во групата А помеѓу Бутел Скопје и Охрид понуди вистинска драма, на крајот победата отиде на контото на домашниот тим, кој славеше со минимални 24-22. Ова беше меч со многу пресврти, бутелци од минус четири со серија од...
Грузија немаше сили да ја запре Шпанија
Шпанците без поголеми проблеми ја совладаа и Грузија во 2. Коло на Евробаскетот во Тбилиси. Грузија се држеше само во првата четвртина, а потоа „фуријата“ едноставно не им даде шанса да се понадеваат на добар завршеток.
Шпанија славеше со 90:64...
Супер-гол на Бабунски за голема победа на Дебрецин во унгарското дерби (ВИДЕО)
Македонскиот репрезентативен напаѓач Дориан Бабунски со гол во 45. минута го реши дербито во унгарскиот шампионат меѓу Дебрецин и Ферхервар.
Дебрецин славеше со 1:0 за прва сезонска победа, а Бабунски постигна убав погодок со кој донесе исклучително значајни три бода...
















