Дома блог Страница 5606

Димитар Митровски и официјално во Академија Пандев

Она што Спортмедиа го најави уште пред десетина дена, Академија Пандев предмалку  и го официјализираше. Екс Македонскиот младински репрезенаттивец Димитар Митровски е нов член на Струмичани. Тој досега беше член на тимот на Спортинг Лисабон, а претходно и на...

Скопје го донесе и Боби Целески

Тимот на Скопје од денеска е посилен на голманската позиција за Боби Целески. Чуварот на мрежата кој во моментов има 24. години е повратник во домашниот шампионат откако мина извесен период во Албанија, во тимот на Теута. Откако беше...

Па Омар Џобе пристигна во Струга Трим Лум!

Од денеска Струга Трим Лум има нов напаѓач, а тоа е Па Омар Џобе, напаѓач од Гамбија кој во струшкиот прволигаш ќе игра како позајмен играч на Шкендија. Имено Гамбиецот е пратен во Струга како дел од трансферот на Клисман...

Митревски е голем борец: Ќе тренирам во соба, побарав да ми донесат опрема!

Никола Митревски остана во Скопје, не допатува со македонската експедиција во Дебрецен. Последниот од трите задолжителни тестирања покажа дека репрезентативниот голман е позитивен на Ковид-19. Митревски по вторпат има коронавирус, на голема среќа нема симптоми, тој е во одлична здравствена...

Познати се судиите за дуелот меѓу Македонија и Словенија

Македонската ракометна репрезентација на првиот меч од Европското првенство ќе ги одмери силите со Словенија, дуел кој се игра на 13. јануари во Арената „Феникс“ во Дебрецен. На два дена пред оваа средба познати се официјалните лица. Правдата на теренот...

Калин Ивановски е 17-ти носител на Австралија опен за јуниори!

Ако главното прашање во тенискиот свет е дали Новак Ѓоковиќ, иако е прв носител, сепак ќе игра на АО во Мелбурн, тогаш ние и нашата спортска јавност едвај чека да види што ќе направи нашот супер талентиран Калин Ивановски....

Ферати се враќа дома во Чаир

Бесник Ферати е следното засилување за есенскиот шампион, тимот на Шкупи. Досегашниот играч на тимот на Академија Пандев, и Македонски младински репрезенаттивец, се враќа во тимот на Шкупи, каде што играше во младинските категории, и од каде што впрочем...

Ракометарите се „чекираа“ во Дебрецен (ФОТО)

Македонските ракометари пристигнаа во Дебрецен, градот кој за фановите на овој спорт ќе биде во центарот на вниманието во следните денови. Токму тука „црвено-жолтите“ предводени од Кирил Лазаров ќе се обидат да испишат нова европска бајка. Нема да биде лесно,...

Кадиз го смени Алваро Сервера

Поради очајно лошите резултати сезонава, и катасторофалната претпоследна позиција на табелата во Примера, денеска тимот на Кадиз, одлучи да го смени досегашниот тренер Алваро Сервера. Сервера пристигна на чело на овој клуб, во 2016 година и е најзаслужен секако за...

Бернард Томиќ: Играм меч, а сум заразен од корона….

Се повеќе на актуелниот Австралија Опен, се говори за Ковид, отколку за самите резултати, што самото по себе како информација кажува во каква атмосфера се игра првиот Гренд слем годинава. Домашниот тенисер Бернард Томиќ денеска го играше својот меч против...

Нaјнови вести