Ристовска и ЦСКА „настрадаа“, Ѓер без милост до бронза
Ѓер ја освои утешната бронза на фајнл-фор завршницата во Лигата на шампионите, откако убедливо го совлада составот на ЦСКА Москва со 32-21 за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска.
Ракометарките на унгарската екипа сиот бес го насочија токму во битката...
Фали Рамадани утре на преговори со Лацио за Маурицио Сари
Италијанските медиуми денеска објавија дека Лацио, наводно, утре ќе се сретне со агентот на Маурицио Сари, за да се договорат за преземање на тимот за следната сезона. Сари беше отпуштен од Јувентус пред една година и беше под договор...
Дончиќ неизвесен за вечерашниот четврти меч со ЛА Клиперс
Лука Дончиќ кој и покрај рекордните 44 поени за него на третиот натпревар од плеј-офот не успеа да и донесе трета победа на својата екипа во дуелот со ЛА Клиперс, сега е под знак прашалник за настапот на четвртиот...
Блескаво издание на Томовски: 17 одбрани за клучна победа на Лудвигсхафен
Репрезентативниот голман Мартин Томовски денеска блескаше на голот на германски Лудвигсхафен и со 17 интервенции беше најзаслужен за деветтата сезонска победа на тимот во германската Бундеслига.
Неговиот тим славеше со 27:22 над Балинген, во меч кој беше клучен во трката...
Словенците со шестмина дебитанти доаѓаат во Скопје
Репрезентацијата на Словенија утре пристигнува во Скопје за пријателскиот меч со Македонија во вторник (18 ч.) на Националната арена. Селекторот на Словенците, Матјаж Кек, најави дека ќе го искористи пријателскиот натпревар за да тестира нови имиња во селекцијата, кои...
Квартараро доминираше на Муџело
Возачот на Јамаха, Фабио Квартараро е победник на денешната шестата трка од Мото ГП шампионатот, Големата награда на Италија. Младиот Французин за првпат во својата кариера славеше на патеката „Муџело“, каде стигна до третата победа оваа сезона.
Најблиску до Квартараро...
Нов проблем за Австрија: Арнаутовиќ и Онисиво повредени, не играат против Англија
Фудбалската репрезентација на Австрија ќе мора без Марко Арнаутовиќ на тест-мечот во среда во Мидлсборо против Англија. Тимскиот лекар Михаел Фидлер денеска за австриските медиуми потврди дека Арнаутовиќ има болки во мускулот на десниот бут, повреда што ја претрпе...
Интер го „врза“ Бастони до 2024 година
Италијанскиот шампион Интер потврди дека Алесандро Бастони потпиша нов тригодишен договор со клубот и ќе остане во тимот до летото 2024 година.
Со своите извонредни настапи, 22-годишниот фудбалер е во центарот на вниманието на големите европски тимови кои најавија дека...
Милан изгуби нерви со Чалханоглу, може да си оди уште утре!
Милан веќе нема нерви да го чека турскиот репрезентативец Хакан Чалханоглу да одговори на нивната последна понуда з апродолжување на соработката. Како што пренесуваат италијанските медиуми, „росонерите“ најавиле дека нема да прифатат никави уцени, а Чалханоглу може да си...
Трагична вест од Муџело: Почина швајцарскиот мотоциклист кој вчера имаше несреќа во Мото3
Младиот швајцарски мотоциклист Џејсон Дупаскjе почина како резултат на повредите кои ги доби за време на квалификациите вчера на трката за Големата награда на Италија во Мото3.
Во вториот дел од квалификациите на патеката „Муџело“, Дупаскje беше учесник во сериозна...