Македонската ракометна репрезентација ги одигра најдобрите квалификации за пласман на едно Европско првенство. На домашен терен нашите момци ја совладаа Швајцарија со 29-28 и освоија десет бода исто колку и светскиот првак Данска.
По дуелот предводникот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров не заборави да испрати порака до Швајцарија, која не потцени, а заборави дека токму Македонија ја совлада Данска во најсилен состав. Последните секунди од мечот беа болни за противникот, надежта за победа веќе ја немаше, а по голот на гостите за 29-28, Лазаров повика тајм-аут што предизвик ревлост на другата страна.
Кире им го покажа местото и бурно изреагира, како никогаш до сега: Што сакаш, што сакаш бе ти? Беа зборовите на Лазаров, а потоа следеше договорот со ракометарите.