Одбојкарите ќе имаат две контроли против европскиот шампион

35

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија веќе четири дена во Струмица се подготвува за престојното издание на Европската Сребрена лига 2021. Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ, комплетниот период на подготовки ќе го минат во Струмица каде во салата „Парк“ ќе бидат домаќини на првиот турнир од првата фаза на натпреварувањето, но и на Ф4 турнирот.

Во пресрет на првите дуели во периодот од 21-23 мај, ОФМ е пред договор со Одбојкарскиот сојуз на Србија за одигрување на две контролни средби. Станува збор за две контроли кои нашите одбојкари би ги одиграле на 14 и 15 мај во Велико Градиште во Србија, по една со А и Б репрезентациите на Србија.

Ако се знае дека Србија е актуелен европски шампион, а и редовен учесник на најсилните одбојкарски форуми на планетава, ова ќе биде повеќе од добра увертира за нашиот одбојкарски национален тим пред летните возбудувања во Сребрената лига и обидот да се дојде до освојувањето на победничкиот пехар.

ПретходноНови проблеми за фановите: Само вакцинирани ќе можат да ја бодрат Македонија на ЕУРО во Букурешт?
СледноЕвролига го потврди распоредот за Ф4 турнирот во Келн