Заврши Балканскиот шампионат за сениори/ки кој се одржа во Бања Лука. За Репрезентацијата на Македонија од сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапија вкупно 6 (шест) спортисти.
Тие беа најуспешни по број на освоени медали и единствени кои на ова сениорско првенство освоија медал за Македонија. Освоени се вкупно 4 (четири) бронзени медали.
Две бронзени медали се освоени во поединечните настапи, и два медали освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија.
На Блаканското првенство настапуваат 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.
Истите спортистки за тимот на Македонија во дисциплината екипно борби освоија бронзени медали, така да тие се закитија со по два медали од ова Балканско првенство. Блиску до медал беа и Данило Божович (-84кг) и Петар Заборски (-75кг), кои за жал загубија во репасажните борби
Во поединечните настапи вториот ден од првенството Јована Мицовска го освои првиот бронзен медал за Македонија во дисциплина борби (-61кг). Потоа медали освои и нашата спортистка Викторија Јовановска во истата тежинска категорија. Минатата година на сениорско Балканско првенство кое се одржа во Будва , двете спортистки на Макпетрол тогаш беа во финалето. Сега една година покасно двете спортистки иако имаа извонреден настап загубија во четвртата борба или полуфинале, да веднаш потоа да извојуваат победи и ги освојат бронзените медали. Многу малку требаше да имаме повторно Македонско финале и на ова Балканско првенство.
Медали освоија:
- Јована Мицовска -61 кг бронзен медал
- Викторија Јовановска -61 кг бронзен медал
- Викторија Јовановска екипно тим бронзен медал
- Јована Мицовска екипно тим бронзен медал
- Данило Божович (-84кг) петто место
- Петар Заборски (-75 кг) седмо место
Тренерот на „Макпетрол“, Петар Заборски, кој беше и натпреварувач, по турнирот во Бања Лука изјави:
„Сите наши каратисти прикажаа модерно карате и имаа максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Во поединечните настапи, вториот ден од првенството, Јована Мицовска го освои првиот бронзен медал за Македонија во дисциплина борби (-61 кг.). Потоа медали освои и нашата спортистка Викторија Јовановска во истата тежинска категорија. Минатата година на сениорското Балканско првенство во Будва двете спортистки на „Макпетрол“ беа во финалето. Една година подоцна двете спортистки освоија бронзени медали. Малку требаше повторно да имаме македонско финале и на ова Балканско првенство“, рече Заборски.










