Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески блесна на Европското кадетско првенство во Романија, носејќи уште еден голем успех за македонскиот спорт!
На патот до европскиот медал, Ведрана оствари две убедливи победи:
Холандија – 2:0
Шведска – 2:0
Во полуфиналната борба беше запрена од претставничката на Полска, со што го заокружи својот одличен настап со бронзен медал.
Освојувањето европски медал во олимписки спорт е исклучително редок и значаен успех за македонскиот спорт.
Ведрана, која е членка на Таеквондо клубот Бутел и веќе е носителка на бронзен медал од Европското пионерско првенство, уште еднаш потврди дека Македонија во неа има сериозен олимписки потенцијал!










