Некогашниот македонски младински репрезентативец Валентин Кочоски од денеска не е повеќе дел од второлигашот ГФК Охрид.
Тој преку социјалните мрежи објави дека си заминува, за да во исто време клубот, објави дека соработката е прекината.
Со нагласок дека напаѓачот обвинува за неисплатени примања, и лажни ветувања од страна на раководните структури на клубот, додека пак ГФК Охрид за непрофесионален однос на искусниот играч.

„ГФК Охрид Лихнидос ја известува јавноста дека ја прекинува соработката со фудбалерот Валентин Кочоски, поради непрофесионално однесување кое не е во согласност со принципите, вредностите и дисциплината што ги негува нашиот клуб.
Клубот секогаш ги става тимскиот дух, почитта и професионалниот однос на прво место“ – напишаа охриѓани.










