Ракометниот клуб Алкалоид попладнево се упати авионски за Словенија, каде што в недела (29.11) од 18:00 часот во Велење ќе го одигра реванш дуелот од Европскиот Куп на ЕХФ против домаќинот Горење.
Како што е веќе познато, РК Алкалоид има сериозна предност од девет гола од првиот дуел одигран на домашен терен и сега што се вели оди за да ја доврши започнатата работа.
Тоа секако нема да биде ни малку лесно, потценување на противникот е најлошото нешто што може да се случи, но сигурни сме дека такво нешто не постои кај мотивираните ракометари на Алкалоид во моментов.










