Скопје влезе во победничка серија

1

По триумфот над Арсими, екипата на Скопје денеска во рамките од најновото коло од ПМФЛ шампионатот, успеа и по втор пат едноподруго да освои три бода. Овојпат тоа се случи на гостувањето кај Башкими во Куманово, каде што „Пиратите“ со двата гола на Виктор Ангелов успеаа да освојат злато вредни три бода со конечен резултат од 1:2.

Погодоците на овој меч кој што исто така се играше на доста тежок терен беа постигнати во вториот дел.

Во 57. минута на прекрасното проигрување на Горјан Цветков, Ангелов успешно реализираше ситуација еден на еден.
Само три минути подоцна Гордиќ асистира повторно за Ангелов, а овој во пад упатува неодбранлив удар кон домашниот гол.

Башкими потоа тргна на се или ништо. Мирчевски во 84. минута намали на 1:2, за да во последните моменти домаќинот и израмни, но голот беше поништен поради офсајд.

Сега, Скопје има идентичен број на бодови како и Арсими, 10, додека Башкими собра четири повеќе.

 

ПретходноХаосот во Марсеј испрати пет бугарски навивачи во болница (ВИДЕО)