Прв тест во Анкара: Македонија игра против Финска!

0

Македонската женска ракометна репрезентација денеска го игра првиот натпревар на меѓународниот турнир во Анкара, кој е дел од подготовките за настапот на Европското првенство.

Прв противник на нашите ракометарки е селекцијата на Финска. Натпреварот започнува во 16:45 часот. На овој меѓународен турнир Македонија ќе ги одмери силите уште со Италија и Турција.

По завршувањето на натпреварите, нашата репрезентација накратко ќе се врати во Скопје, по што ќе замине за Клуж, градот домаќин на нашата група на Европското првенство.

Македонија првиот натпревар на континенталниот собир го игра на 4 декември против Швајцарија, а во групата ќе се соочи и со селекциите на Норвешка и Романија.

ПретходноСРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: Н.Т. освои СУПЕР МИЛИОНЕР вреден 6.446.470 денари