Со мечот Шкендија (А) – Брегалница стартува 15.коло во тековната сезона во ПМФЛ. Овој натпревар се игра денеска од 12 часот на стадионот на Чаир во Скопје.
Важен меч и за двете екипи, меч во кој можеби мал фаворит е домашниот состав, но сепак Брегалница доаѓа на Чаир со нов тренер.Имено свое деби на клупата на „штипските“ сини ќе има Џенгис Реџепи кој пред три дена беше назначен за нов шеф на стручниот штаб на Брегалница. Од него се очекува не само добар настап на Брегалница туку и освојување на бод(ови). Штипјани се на -4 бода од Шкендија Арачиново на табелата, ама ист број бодови со Башкими кој е на осмата позиција, место кое води во бараж.
Домашните по поразот од Башкими, и тоа дома во минатото коло, малку си ја закомплицираа својата положба. Не е веќе таа Шкендија Арачиново од пред неколку кола која во серија имаше добри резултати и победи, сега доаѓа до бодови. Но се чини дека арачиновци имаат сила, имаат квалитет и прашање на време е кога повторно ќе бидат како порано.
За главен судија одреден е Стојанче Трпчевски.















