Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Жозеп Марија Берокал, беше разочаран од неочекуваниот пораз од Кипар (75-85) во претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.
„Почнавме на неочекуван начин. Како одминуваше мечот се зголемија грешките, промашувавме. Секако, мора да научиме од овој пораз и да останеме заедно. Во февруари имаме уште две шанси да си ја завршиме задачата. Секогаш мора да ги почитувате сите репрезентации и кошарката, како и нејзините едноставни правила. Денеска не го правевме тоа. Кипар одигра добар натпревар. Тажен сум, но ќе размислуваме за следниот прозорец и натпреварите што ни претстојат“, изјави Берокал.










