Војдан: Предобро чувство да одиграш 100 натпревари, но денешниот пораз е еден од полошите

1
фото: fiba.basketball

Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска го имаше својот 100-ти настап во дресот на Македонија, но за жал, немаше можност да се израдува на посакуваната победа. Кипар славеше во Скопје и сериозно ги разнебити нашите надежи за првото место во групата.

„Веќе минаа 19 години откако дебитирав. Навистина предобро чувство беше тоа. За денешниот натпревар не знам, треба да ми легнат емоциите. Кога ќе го вратам филмот, поминаа многу години, и најдобрите и најлошите. И кога сме играле Европски првенства, и кога сме играле претквалификации, секогаш сум бил тука. Кога треба да помогнам за Македонија, тоа ми е посебно чувство и не може да се спореди со клупскиот кошаркарски ангажман. Ако му требам на селекторот, тука сум. Поразот од Кипар ни е една од полошите средби. Мора да ја прифатиме одговорноста дека бевме лоши“, изјави Војдан по натпреварот.

ПретходноСрамен пораз на македонските кошаркари од Кипар (ФОТО)