Натпреварот меѓу кошаркарските репрезентации на Македонија и Кипар во Скопје започна со едноминутно молчење во знак на почит кон жените и девојките кои ги загубија животите како жртви на родово базирано насилство и фемицид.
Со овој чин, спортот испраќа силна порака против насилството врз жените, но и повик за поголема одговорност, солидарност и заштита на секоја жена и девојка.










