Три меча суспензија за Јакупи, Работнички еден месец без тренер на клупата

19

Најновата седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската Федерација на Македонија донесе неколку одлуки кои што се однесуваат како за прволигашката така и за второлигашката фудбалска конкуренција.

Играчот на Арсими, Лорик Каба Јакупи доби директен црвен картон на последниот дуел одигран во ПМФЛ шампионатот, и поради тоа ќе мора да паузира три натпревари.

Од друга страна пак, „Дисциплинецот“ изрече казни за екипите на Пелистер, Тетекс односно Тиквеш поради користење на пиротехнички средства на навивачките групи.

Конечно, Баже Јанакиевски, тренерот на ФК Работнички е казнет со еден месец забрана за вршење на функцијата шеф на стручен штаб.

Одлуките од денешната седница ви ги пренесуваме во целост:

Поведување на постапка против ФК Пелистер АД поради користење на пиротехнички средства  на натпреварот ФК Пелистер- ФК Тетекс во рамки на 12 коло Втора МФЛ.

Поведување на постапка против ФК Тетекс  поради користење на пиротехнички средства  на натпреварот ФК Пелистер- ФК Тетекс во рамки на 12 коло Втора МФЛ.

Поведување на постапка против ФК Тиквеш 1930  поради користење на пиротехнички средства  на натпреварот ФК Вардар-ФК Тиквеш 1930 во рамки на 14 коло Прва МФЛ.

Баже Јанакиевски Шеф на стручен  штаб на ФК Работнички забрана за вршење на функција еден месец

Лорик Каба Јакупи, фудбалер на ФК Аресими 1973 АД  забрана за настап на три натпревари поради директен црвен картон на натпреварот ФК Скопје АД -ФК Аресими 1973 АД одигран во рамки на 14.коло во  Прва МФЛ.

Тодор Туриманџов, претставник на ГФК Тиквеш 1930 АД 3 месеци забрана за вршење на функција поради директен црвен картон на натпреварот ФК Вардар-ФК Тиквеш 1930 во рамки на 14 коло Прва МФЛ.

ПретходноГордон постигна несекојдневен ЛШ рекорд