Предмалку од страна на ФФМ беше објавено најновото делегирање на арбитрите за следното 15. коло во ПМФЛ шампионатот.
Како главен настан за оваа етапа е дуелот помеѓу екипите на Тиквеш и Шкендија Тетово, кој што се игра на 28.11.2026 во 13:00 часот во Кавадарци.
На овој дуел правдата ќе ја дели Фатмир Бафто.
Од друга страна пак, колото стартува утре со дуелите Шкендија Арачиново – Брегалница односно Башкими – Скопје. На Чаир главен е Стојанче Трпчевски.
Арсими го пречекува Вардар, в сабота, а во Гостивар на центарот ќе застане Стојанче Стојанов.
Во Кратово пак, на дуелот Силекс – Струга ТЛ за главен судија е делегиран Бенјамин Ќерими.















