Фаворитите без грешка во 6. коло во одбојкарскиот шампионат

0
фото: Одбојкарски клуб "Штип УГД" - Штип (FB)

Гостинските екипи доминираа во натпреварите од шестото коло во групата А од Првата машка одбојкарска лига. Штип УГД, ГОК Борец и Струмица 47&72 забележаа максимални победи од 3:0 во дуелите со Универзитетот во Тетово, Сушево и Работнички 71&22.

Во групата Б, Лирија исто така славеше убедливо на гостувањето кај Весна Пробиштип, со 3:0 во сетови. Со тоа, четири од досега одиграните натпревари во шестото коло завршија со идентичен резултат.

Во групата Б останува да се одигра дуелот меѓу Јанта волеј и Шкендија, додека средбата Македонија Џио – Скопје е одложена.

Група А:

Универзитет во Тетово – Штип УГД 0:3 (23:25, 16:25, 7:25)

Сушево – ГОК Борец 0:3 (16:25, 6:25, 14:25)

Работнички 71&22 – Струмица 47&72 0:3 (13:25, 20:25, 19:25)

Група Б:

Весна Пробиштип – Лирија 0:3 (17:25, 11:25, 18:25)

Преостанати натпревари:

Јанта волеј – Шкендија (26.11, 20:00 часот)

Македонија Џио – Скопје (одложен)

ПретходноЛЕ и КЛ: Милан со страшен пресврт во Атина, Серафимов и Левски поразени на „Велодром“