ГОК Борец убедлив, Сушево му зеде сет на шампионот

0
фото: Одбојкарски клуб "Штип УГД" - Штип (FB)

ГОК Борец забележа убедлива победа од 3:0 против Работнички 71&22 во петтото коло од одбојкарскиот шампионат во групата А. Велешани ги добија трите сета со 25:20, 25:22 и 25:23, потврдувајќи ја добрата форма.

Лидерот Штип УГД, пак, славеше со 3:1 на гостувањето кај Сушево, но домаќините успеаја да освојат еден сет. Штипјани поведоа со 2:0 (25:7, 25:19), Сушево возврати со 26:24, но фаворитот во четвртиот сет стави крај на неизвесноста со 25:18.

Во групата Б, Шкендија и Скопје остварија максимални победи од 3:0. Шкендија беше подобра од Весна Пробиштип (25:15, 25:16, 25:18), додека Скопје убедливо ја совлада Јанта волеј (25:17, 25:12, 25:14). Натпреварот меѓу Македонија Џио и Лирија е одложен.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

Петто коло – група А

Струмица 47&72 – Универзитет во Тетово 3:0 (25:18, 25:18, 25:16)

Работнички 71&22 – ГОК Борец 0:3 (20:25, 22:25, 23:25)

Сушево – Штип УГД 1:3 (7:25, 19:25, 26:24, 18:25)

Табела:

  1. Штип УГД – 15

  2. Струмица 47&72 – 9

  3. ГОК Борец – 9

  4. Работнички 71&22 – 6

  5. Универзитет во Тетово – 3

  6. Сушево – 0

Петто коло – група Б

Скопје – Јанта волеј 3:0 (25:17, 25:12, 25:14)

Македонија Џио – Лирија – одложен

Весна Пробиштип – Шкендија 0:3 (15:25, 16:25, 18:25)

Табела:

  1. Шкендија – 15

  2. Лирија – 9

  3. Македонија Џио – 6

  4. Скопје – 9

  5. Весна Пробиштип – 2

  6. Јанта волеј – 1

ПретходноОкере е протеран од Македонија, ама Тиквеш и без него го прегази Вардар!