Јака Малус се враќа во Словенија, познати и клубовите кои го посакуваат?

0
Јака Малус е пред враќање во словенечкиот ракомет. Иако на маса имал богата понуда од швајцарскиот К. Луцерн, според информациите на словенечките медиуми, ракометарот ја одбил и кариерата ќе ја продолжи во својата татковина.

За неговиот потпис интерес покажале Целје и Слован, но во моментов ситуацијата е поинаква кај двата клуба.

Целје има комплетиран тим, па евентуалниот ангажман на Малус би зависел од заминувањето на Алјуш Анжич или Урош Миличевиќ. Особено интересна е ситуацијата со Анжич, кој има две конкретни понуди од Киелце и Магдебург, додека во трката наводно се споменува и Барселона.

Доколку дојде до заминување на некој од овие двајца ракометари, Целје сигурно ќе бара соодветна замена, а Малус би бил една од опциите. Дополнителна предност за словенечкиот шампион е фактот што тој е дете на клубот.

Своја сметка има и Слован, кој не ги крие амбициите повторно да го донесе Малус во своите редови.

Сепак, Целје и Слован не мора да бидат единствените опции. Во игра би можел да се вклучи и Словењ Градец, клуб кој сезонава располага со поголем буџет во споредба со минатата и отворено најавува атак на шампионската титула.

Малус, според тоа, би можел да има повеќе опции за продолжување на кариерата во Словенија, а останува да се види каде ќе ја продолжи кариерата.

Претходно„Кога Ријера го постави Гаштаров на неговата природна позиција, го видовме целиот негов талент и квалитет“