КУП НА МАКЕДОНИЈА: Металург не успеа да се одбрани, Вардар прв до финале (ФОТО)

131

Вардар 1961 е првиот финалист во Купот на Македонија, во полуфиналето го совлада бранителот, Металург со 22-27 (12-14). Избраниците на Стевче Алушовски ќе го чекаат подобриот од дуелот меѓу Е.Пелистер и Бутел Скопје во битката за трофејот.

Иван Чупиќ со седум гола беше прв стрелец кај Вардар, Јотиќ имаше шес. На другата страна Мартин Серафимов имаше шест гола, еден помалку запиша Калуѓеровиќ. Ристовски запиша 11 одбрани, Дупјачанец 13.

Ракометарите на Вардар 1961 мечот го решија на стартот на второто полувреме, отворија со серија од 5-0 и поведоа со 12-19 во 35. минута. Овој пат, тимот од Автокоманда не успеа да се врати како во првиот дел.

Градските ривали одиграа одлично прво полувреме, „металурзите“ поведоа со 2-0, на другата страна противникот врати со серија од 6-0 за 2-6. Иако се чинеше дека Вардар ќе продолжи во ист ритам, Дупјачанец и Серфаимов го вратија својот тим во игра. Со серија од 5-0 поведоа со 10-9, „црвено-црните“ вратија, на одморот заминаа со плус два (12-14).

Добриот вовед на Вардар по паузата од пет гола, им донесе комотна позитива од седум гола (12-19). Не дозволија нов кам-бек, до крајот искусно го приведоа мечот, одржуваа позитива од пет до шест гола.

Вардар во сабота ќе се обиде да дојде до 14-та Куп титула во својата историја.

ПретходноМакедонија поразена и од Бугарија на „Миљан Миљаниќ“
СледноДупјачанец: Париравме додека имавме сила, на крајот победи поквалитетниот тим