Алкалоид и Вардар на втора победа, Охрид и Струга во „езерско дерби“

62

Второто коло од македонската машка ракометна Суперлига е на програмата денеска, со шест натпревари во кои повторно ќе има интересни пресметки.

Актуелниот шампион Вардар 1961 ќе гостува кај Куманово, додека Алкалоид ќе му гостува на Еурофарм Пелистер 2.

Во Битола, Еурофарм Пелистер од 16:30 часот го пречекува Мулти Есенс и ќе бара прва победа по ремито со Охрид во првото коло.

Токму Охрид ќе биде домаќин на Струга во локалното дерби кое започнува од 19:00 часот. Тимот на Охрид во првото коло одигра 28:28 против Еурофарм Пелистер, додека Струга загуби минимално од Тиквеш.

Во Кавадарци, Тиквеш 2014 ќе го пречека Бутел, во дуел на две екипи кои имаат по еден бод по првото коло. Младост од 19:30 часот ќе го пречека Прилеп, кој убедливо го совлада Куманово во воведното коло.

Вардар и Алкалоид во второто коло влегуваат со максимални два бода и ќе сакаат да го задржат победничкиот ритам.

СУПЕРЛИГА МАЖИ – 2 КОЛО

  • 16:30 – Е. Пелистер – Мулти Есенс
  • 19:00 – Е. Пелистер 2 – Алкалоид
  • 19:00 – МРК Куманово – Вардар 1961
  • 19:00 – Тиквеш 2014 – Бутел
  • 19:00 – Охрид – Струга
  • 19:30 – Младост – Прилеп
ПретходноИњаки Вилијамс повеќе нема да игра за Гана
СледноПМФЛ: Вардар со победа во Куманово доаѓа на само -3 бода од Шкендија!