Утре 28.10.2026 во 13:30 часот ќе започнат дуелите од 1/8 финалето од овогодинешниот КУП на Македонија. Во него се среќаваат неколку дуели на прволигаши, но и на микс со екипи од ВМФЛ конкуренцијата.
Во Скопје на комплексот Петар Милошевски шампионот Вардар ќе се сретне со Тиквеш, а правдата на овој меч ќе ја дели Александар Грујоски.
Куп на Македонија 1/8 финале:
Двојки:
Вардар – Тиквеш
Главен судија: Александар Грујоски
Скопје – Новаци
Главен судија: Александар Василевски
Башкими – Шкендија Арачиново
Главен судија: Стојанче Стојанов
Пелистер – Силекс
Главен судија: Доне Ристовски
Работнички – Каменица САСА
Главен судија: Марјан Дејаноски
Македонија ЃП – Брегалница
Главен судија: Димитар Левески










