Исмајли пред утрешниот меч во Купот: Респект за Беласица, ама Струга ТЛ оди само на победа

0

Утре (13.30 ч) на Градскиот стадион во Струга, во меч од 1/8 финалето на Купот на Македонија, домашната екипа на Струга ТЛ го дочекува струмичкиот второлигаш, тимот на Беласица.

Јасно е кој е фаворит на овој меч, посебно ако се знае дека стружани посакуваат во ова натпреварување не само да стигнат до фиалето туку и да го освојат трофејот. Нешто што им недостасува во нивните трибини откако во минатото загубија две финалиња од Македонија ЃП и Вардар.

Во пресрет на утрешниот меч свој коментар има Ќендрим Исмајли, левиот бек на стружани:
„Се подготвивме многу добро во текот на овие 3 дена, мислам дека имаме доволно добар тим за да одиме во Купот до крај и да го донесеме во Струга, бидејќи на овој град му недостасува истото. Сите 100% сме фокусирани на пласман во следната рунда. Целосно почитување за противникот, кого не го потценуваме на никаков начин, но влегуваме во овој натпревар само за победа, за да ја продолжиме позитивната серија и во првенството и во Купот“.

ПретходноНеверојатно: Манчестер Јунајтед и натаму со Карик на клупата!