Шкендија за Хари Кејн: Горди сме што нашите патишта се вкрстија со овојувачот на “Златната топка“! (ФОТО)

1

Изненадување или не, заслужено или не, сепак Хари Кејн синоќа ја доби “Златната топка“ како најдобар фудбалер за изминатата година.

Од Македонија првата честитка дојде од Тетово, од Шкендија. Колку за потсетување, на 24 септември 2020 година, во таа “ковид сезона“ кога во европските натпреварувања се играа по еден меч, на Арената во Скопје гостуваше Тотенхем со тогашниот капитен Хари Кејн и тогашниот тренер Жозе Мурињо во рамките на 3.квалификациско коло во Лигата на Европа. Тоа беше спектакл, а во еден момент со голот на Валмир Нафиу тетовци имаа 1:1 и се најавуваше сензација. Сепак во продолжение од средбата клубот од Лондон победи со 1:3 и се пласира во следната фаза, еден од головите беа дело и на Хари Кејн, кој во меѓувреме направи трансфер во Баерн Минхен и цели шест години подоцна ја освои и “Златната топка“.

Токму затоа пораката од Шкендија:“ Горди сме што нашите патишта се вкрстија со совојувачот на “Златната топка“. Честитки – Хари Кејн“.

Тогаш во тимот на Мурињо покрај Кејн играа и Харт, Дејвис, Деле Али, Сон, Ло Селсо, Моура…

Од оние кои тогаш беа во составот на Шкендија, а и сега се во клубот од Тетово се Ибраими, Мурати, Зејнулаи, Ф.Рамадани, тренер беше Ернест Ѓока.

ПретходноНов проблем за Милан, се повреди и Лофтус-Чик