Македонија преговара со Бецвиновски, а тој засега оди со Австралија на Мундијал

0

Македонскиот национален состав, младински или сениорски секогаш е во потрага по нови засилувања. Дијаспората е за наш широк поим, нашинци има насекаде, и се повече млади момчиња со македонски презиме, или пак корени се појавуваат во протоколите, младински или сениорски во европските или останатите земји.

Австралија е позната како земја со „милионска“ македонска дијаспора која што таму е повеќе од еден век. Истата секако била дарежлива низ годините и на фудбалски план и ни ги даде, Даниел Георгиевски, Стефан Чолаковски, Кулеску, Метју Божиновски…

Имаше и такви како Бен Кантаровски, кој што сепак се одлучија за Австралија. Борбата за фудбалерите со наше потекло секогаш е актуелна, а во моментов тема се неколку млади момчиња.

Во преден план е Лук Бецвиновски, младиот и ултра талентиран напаѓач кој што е 2009 годиште. Во моментов членот на тимот на Централ Коуст, е во фокусот покрај останатото што е и на списокот на репрезентацијата на Австралија за претстојниот Мундијал за У17 кој што ќе се одржи во Катар.

Она што е побитно за нас, е што ФФМ е веќе во комунукација со самиот играч односно со семејството Бецвиновски и во моментов со оглед на возраста на младиот играч сепак, не е така лесно тој да го облече државниот дрес на Македонија. Од проста причина што тој сеуште е средношлолец.

Сепак, за нас во прилог ни оди и фактот што сите репрезентативци кои што ги добивме од Австралија, за нас пристигнаа во генерацијата У21 што ни дава надеж дека дотогаш, а можеби и порано момчето кое што за У17 генерацијата на Австралија на 13 мечеви има постигнато пет гола ќе ги промени националните бои.

Треба да се напомене дека во овој состав на репрезентацијата на Австралија се наоѓа уште едно момче кое што има потекло од овие наши простири. Се работи за Бесиан Кутлеши кој што е дел од тимот на Мелбурн Сити и кој што игра на позицијата централен дефанзивен играч за врска.

ПретходноДодев во најдобрите единаесетмина во Казахстан