Алкалоид рутински против Бутел Скопје до седмиот триумф!

0

Алкалоид и Бутел Скопје само два дена после натпреварите во ЕХФ Европскиот Куп се вратија на домашната задача. Овие два тима ги одмерија силите во осмото коло во Супер-лигата, а победник од оваа пресметка беше гостинскиот состав кој славеше со 24-29 (12-15). 

Галевски запиша 13 одбрани, додека Борзаш со пет гола беше прв стрелец кај победникот. На другата страна Богдановски имаше 11 интервенции, по пет погодоци постигнаа Каевски и Јовиќ.

Алкалоид влезе како голем фаворит, а темпото го диктираше онолку колку што беше потребно за да дојде до победа на оваа средба. После десет минути игра избраниците на Кирил Лазаров поведоа со 4-8, Бутел Скопје на одморот замина со негатива од 12-15.

Во вториот дел не се промени драстично сликата, домаќинот се обидуваше да му парира на фаворитот, но тоа беше тешко бидејќи Алкалоид не го дозволи тоа. На стартот на 50-та минута поведе со 17-23. До крајот на избраниците на Кирил Лазаров им остана рутински да го приведат мечот во своја корист.

Алкалоид го запиша седмиот триумф, има и еден пораз, додека на другата страна Бутел Скопје има скор од седум порази и едно реми.

ПретходноАлександар Грујоски ќе го суди КУП дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш