Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласира во полуфинале на Мастерсот во Рим откако денеска со 6-3 и 6-4 го елиминира германскиот тенисер Александар Зверев. Надал во борба за финалето ќе игра против американската сензација Рајли Опелка кој го совлада Федерик Делбонис со 7-5 и 7-6(2).
Опелка прв пат во кариерата стигнува до полуфинале на Мастерс 1000 тениските турнири, додека Надал стигна до 75-тото АТП Мастерс 1000 полуфинале. Инаку тоа полуфинале ќе биде 500 меч за Надал на земја и 12-то во Рим.
За место во другото полуфинале се борат Ѓоковиќ и Циципас односно Сонего и Рублев.
Во женскиот дел, во полуфинале ќе играат Каролина Плишкова и Петра Мартиќ. Чешката тенисерка ја елиминира Остапенко од Летонија, а Мартиќ беше подобра од Пегула.
За место во полуфиналето се борат Барти против Гауф односно Својнтек против Свитолина.