Баражите за опстанок се играат во вторник, утре ќе биде ждрепката!

290

Заврши сезоната во ПМФЛ за 2020/21, останува само уште да се реши кои две екипи ќе изборат пласман за следната сезона во елитата, а има четири екипи кои се во конкуренција. Тука мислиме на баражите.

Како што велат нашите инрформации, тие два меча ќе се играат следниот вторник, а ждрепката ќе се одржи утре во просториите на Фудбалската федерација на Македонија.

Еден натпревар ќе се игра на Арената “Тодор Проески“ во Скопје, додека вториот исто во Скопје, но само на ФФМ. Мечевите започнуваат во 16 часот и нема да има продолженија, во случај на реми веднаш ќе се изведуваат пенали.

Познато е дека Ренова и Силекс ќе треба да играат против Охрид и Тиквеш, кој со кого ќе се знае утре после ждрепката.

ПретходноАргентина потврди: Копа Америка ќе се одржи кај нас и покрај пандемијата
СледноФФМ покренува дисциплинска постапка против Шкендија!