Селекторот на младите е нов привремен А-селектор на Италија

65

Италијанската фудбалска федерација одлучи, селекторот на У21 репрезентацијата Силвио Балдини, да го назначи за привремен селектор на А репрезентацијата за јунските пријателски дуели.

За овој период на трети и седми се планирани мечеви со Луксембург односно Грција на гостински терен.

Италија како репрезентација е во огромна криза со три пропуштени Мундијали и во период на менување на селектори.

По дебаклот во баражот за Мундијалот, последниот селектор Џенаро Гатузо поднесе оставка, а неговиот наследник сеуште не е познат.

 

 

 

ПретходноВака Партизан се прости од Вујошевиќ: Солзи и тага во белградската арена (ВИДЕО)
СледноНико Шлотербек потпиша нов договор со „милионерите“