Струга ТЛ со навивачите го прослави пласманот во европските купови (ВИДЕО)

262

Струга Трим Лум вчера испиша историја. Клубот кој на македонската фудбалска карта е само шест години, успеа да го освои 3. место на табелата во ПМФЛ и на крајот да се пласира во европските купови.

Вчера момците на стратегот Срѓан Захариевски го победија Силекс, завршија на третата позиција и обезбедија место во квалификациите за Европската Конференс лига на УЕФА. Навивачите овој историски настан го прославија заедно со фудбалерите кои ги пречекаа синоќа во Струга по враќањето од мечот во Кратово.

ПретходноКуман: Меси мора да остане, без него е невозможно да се игра
СледноНавивачите на Ренџерс се испотепаа меѓу себе додека ја славеа титулата (ФОТО+ВИДЕО)