Познато е се она што се случуваше на вчерашниот дерби меч меѓу Шкендија и Шкупи, кога во 74.минута истиот беше прекинат и тој прекин траеше речиси 25 минути. Причината беше влегувањето на домашните навивачи на стадионот, а познато е дека има забрана поради корона мерките.
Откако се испразни трибината, дербито се одигра до крај без никакви проблеми.
Сепак поради прекинот и влегувањето на домашните фанови, пропозициите велат дека ФФМ мора да покрене дисциплинска постапка против организаторот, а во овој случај Шкендија, и така и ќе биде. Надлежните комисии на ФФМ покренуваат постапка против шампионот.
Инаку казните или санкциите за вакви прекршоци се само финансиски. Нема одземање на бодови и слично.