Македонија ќе настапи со тројца боксери на Меѓународниот турнир „Куп на Црна Гора“ во Будва од 18 до 24 мај.
За Македонија ќе настапат младите боксери Петар Арсовски, Леонард Лимај и Енес Алиу.
На турнирот ќе учествуваат боксери од 17 земји.
Покрај нашите боксери ќе настапат боксери од Украина, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Шведска, Литванија, САД, Белгија, Сиера Леоне, Грузија, Азербејџан, Палестина, Узбекистан и Црна Гора.