Роналд Куман сепак ќе остане на тренерското место во Барселона, откриваат шпанските медиуми. Како што веќе беше најавено првиот човек на клубот, Жоан Лапорта, во последниот разговор го известил Холанѓанецот дека на чело на каталонскиот гигант ќе биде доколку не најде замена.
Куман ќе ја одработи својата втора година од договорот, но под еден услов. Лапорта сака Барселона да игра поофанзивен фудбал, исто така да игра во формација 4-3-3.
Останува до крајот на оваа работна седница да стигне и официјална потврда, сепак нема да биде изненадување доколку во меѓувреме не се промени нешто.