Јакин: Одличен меч за нас, можевме да постигнеме уште доста голови

1

Швајцарија воопшто не разочара на Арената вечерва. Напротив, ја покажа целата своја сила, капацитет, и нормално енормниот квалитет, кој што несомено го поседуваат.
Учесникот на елиминационата фаза од последниот Мундијал, во Скопје против Македонија одигра перфектни деведесет минути и со 0:3, и три бода си заминаа дома. Не оставија од друга страна со куп прашалници, што ни се случи.
Дел од одговорите на тие прашалници има селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин.

„Ова беше одличен меч за нас. Можевме да постигнеме уште доста голови. Новите играчи одлично се вклопија. Задоволен сум од настапот на Јашари. Офанзива и дефанзива на високо ниво. Се радувам што Закарија аситстираше на два пати. Одличен меч, динамика“ – изјави швајцарскиот селектор, Мурат Јакин по мечот со Македонија во Скопје.

 

ПретходноСедлоски: Швајцарија е велесила, но некои играчи мора да се замислат како го носат дресот на Македонија