Македонската футсал репрезентација со пораз од 6:1 од Финска ги започна настапите во втората фаза од квалификациите за Светското првенство. На мечот одигран во Ванта, Финците поведоа уште во втората минута преку Ласи Линтула, но Македонија брзо одговори. Во 4. минута Бојан Јанев го постигна израмнувачкиот гол за 1:1.
Сепак, Финска ја презеде контролата и до крајот на првото полувреме постигна уште еден погодок, преку Сергеј Корсунов во 14. минута.
Во вториот дел домашната селекција ја зголеми предноста. Ахмади, Пиртијоки, Коивумаки и Линтула уште еднаш се запишаа во листата на стрелците за конечни 6:1.
Македонија имаше можност да го ублажи поразот во самиот финиш, но Јакуп Рамадан не реализираше удар од шест метри во 39. минута. Финска заслужено стигна до убедлива победа, а македонските футсалци ќе бараат можност за поправен во следниот натпревар од квалификациската група.










