Има ли Седлоски конечно “рецепт“ како да се постигне барем гол?!(ФОТО)

0

Нашата најдобра фудбалска репрезентација ја чекаат двата последни дуели од Б Лигата на Нации, против Шкотска во Глазгов (петок) и против Словенија во Скопје (понеделник). Националите веќе два дена се подготвуваат прво за дуелот на “Хемпден Парк“ во Глазгов. Од фотографиите се гледа деа избраниците на Седлоски напорно работат на тренинзите, но треба да се види дали е тоа доволно.

Македонските фанови се навикнаа на порази и само порази од оваа селекција на Седлоски, кој е веќе во серија од осум меча без победа откако тој седна на селекторската фотелја. Се навикнаа и на тоа дека оваа селекција на Седлоски едноставно не знае да постигне гол, и тоа цели 720 минути.

Нема што, уриваме црни рекорди, па затоа се поставува прашањето дали конечно Седлоски има “рецепт“ како, барем, да се постигне гол?

Секако дека сите посакуваме добар резултат во Глазгов или прекин на голгетерскиот пост, а на победа и тоа како ќе се израдуваме.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

ПретходноВардар по три месеци се враќа на Арената!