Фото на денот: На ФК Работнички исклучена му е струјата!

0

Страшно! Ужасно! Трагично! Ова е фотографија од доцна попладнево, и што да се види? Нема струја во комплексот на ФК Работнички и тоа веќе 4 ден. Поради неплатени сметки, исклучена му е струјата на некогашниот гигант кој си има и тоа како проблеми. Пропаѓањето на клубот почнува со доаѓањето на турскиот спонзор, кој од еден клуб за гордост, го однесе во Втора лига. Човек од раководството, назначен од турскиот спонзор, преку медиумите ветуваше милиони и камиони, па и авиони, а еве го донесоа клубот да нема струја.

Страшно!!!

Работнички беше клуб за гордост, беше најфраерскиот клуб или во Македонија со најголеми успеси во Европа кога го предводеа семејството Костовски и Драган Поповски.

А,сега? На што личи ова?

Погледнете само списокот на рпрезентативци во последната деценија и повеќе и ќе видите дека половина и повеќе се играчи израснати во ФК Работнички или барем играле за него.

Е, мој Работнички, на што спадна!!!

ПретходноДанев: Србија е вистински тест за новата генерација на Македонија