Новиот тренер на Јувентус, Масимилијано Алегри ќе побара средба со газдите на клубот за да разговара за иднината на Кристијано Роналдо. Новиот стратег на Јуве, кој ја презеде функцијата по втор пат во својата кариера, веќе имаше слични разговори, кои вклучуваа политика на трансфери на клубот, но сега тренерот сака да посвети поголемо внимание на ситуацијата со Португалецот, пишува „ГОЛ“.










