На една недела до стартот на мечевите од Ц групата на Евро 2020, нашите ривали денеска и утре ги имаат своите “генералки“. Колку за потсетување, Македонија на 13 јуни за прв ривал ја има Австрија, на 17 јуни ќе играме со Украина а на 21 јуни против Австрија.
Ако нашите момци веќе завршија со “генералките“, тоа не важи за нашите ривали. Денеска од 17:30 часот селекцијата на Австрија ќе игра пријателски меч со Словачка, а во 18 часот Холандија за спаринг партнер ја има Грузија.
Утре Украинците го имаат својот последен тетс, противник им е репрезентацијата на Кипар.