Стартуваат баражите за пополнување на ВМФЛ, во „игра“ е и Хоризонт Турново!

2279

Иако веќе наголемо се подготвуваме за ЕВРО 2020 и настапот на Македонија, на домашната фудбалска сцена сеуште има и ќе има активности. Имено од денеска па до сабота, ќе се одиграат бараж мечеви за пополнување на ВМФЛ на западот и истокот.

За западот, каде што следната сезона ќе играат Вардар и Силекс, во конкуренција се три екипи, а има место само за две.

Денеска на програмата е мечот Воска – Фортуна, кој започнува од 17 часот во Гостивар. Во среда се игра мечот Беса – Фортуна, а во сабота се среќаваат Воска и Беса. Сите мечеви се играат во Гостивар.

Првите две екипи на табелата од овие три меча, во следната сезона ќе играат во ВМФЛ – ЗАПАД.

На исток екипите на Детонит и Локомотива Градско директно влегоа во Втората лига, а со пласманот на Тиквеш во ПМФЛ се отвори место и за уште една екипа. Па така двете второпласирани екипи во јужниот и источниот регион, Братство и Хоризонт Турново, во бараж дуел во Штип во среда ќе одлучат кој ќе игра во Втората лига следната сезона.

Турновци некогаш играа во елитата, во Европа, се бореа и за титулата со Вардар до последното коло. Дали со ова најавуваат во блиска иднина и враќање на старата слава во мак-фудбалот?

Претходно“Генералки“ и за нашите ривали на ЕП: Холандија со Грузија, Австрија против Словачка!
СледноДржавата направи отстапка за одбојкарите, во Струмица „владеат“ други закони